Press "Enter" to skip to content

Во клиничката болница началниците даваат отчет пред менаџерскиот тим за изминатите шест месеци

Денес во клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола се одржа стручен колегиум на кој присуствуваше менаџерскиот тим болницата и началниците на сите одделенија.Началниците на одделенија дадоа отчет за сработеното во изминатите шест месеци, а покрај отчетот се споделија проблеми со кои се соочуваме, се разговараше за уште подобра комуникација меѓу одделенијата.-Се донесоја многу одлуки се со цел нашите пациенти да бидат што повеќе задоволни во примањето на здравствените услуги од наша страна. Задоволен пациент е успешноста на нашето работење, истакна директорот, д-р Зоран Лазаров, кој побара од присутните уште поголеми активности се со цел давање уште поголема грижа и помош за нашите граѓани.

More from ВестиMore posts in Вести »