Екипи на КЈП “Нискоградба” продолжуваат да работат на проектот, кој треба да ги собира отпадните води од Потпелистерието, односно да го реши пробпемот со проблемот со загаденоста на водите во овој регион.
Ова е болна точка за сите жители од потпелистерските села, соптствениците на хотелите и други угостителски објекти, а во него ќе бидат приклучени и двата поголеми капацитет, хотелот “Молика“ и детското одморалиште кое сега не е во функција.
Деновиве се изведуваат инфраструктурните работи, поставување на одводни цевки на потегот од Бегова чешма до селото Трново.
Пречистителната станица е планирана да се изгради кај живинарска фарма кај село Дихово.






