Press "Enter" to skip to content

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го прослави својот роденден (фотогалерија)

На прославата, пред седиштето на партијата во Битола, на 29 роденден на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола зборуваше претседателот на партијата.Христијан Мицковски, а на прославата дојде со претседателот на општинскиот комитет Иванчо Тошевски и членот на Извршиот комитет Силвана Ангелевска.Поздравувајќи ги присутните и честитајки го роденденот, Мицковски рече:-Денес сме во Битола да прославиме уште една годишнина од формирањето на општинскиот комитет во Битола, заедно со голем број од членовите, активистите и симпетизерите се со нас. Сакаме да го одбележиме заедно овој настан бидејќи секој роденден на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е од посебно значење не само за ВМРО-ДМПНЕ туку и за граѓаните на Битола, бидејќи бидејќи партијата била и ќе остане столб на државноста на Македонија. -Покрај тоа што ќе го прославиме овој ден, ќе поразговараме за иднината и за сите предизвици кои што ни престојат во периодот кој следи, додаде Мицковски.Пред прославата на роденденот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Мицковски прошета по Широк Сокак, а се дружеше неформално со локалното раководство и со младите. На присутните им порача дека идната година роденденот нема да го слават како опозиција, туку како партија која ќе има формирано Влада.Мицковски одговараше на прашања на новинарите, за актуелните случувања деновиве, а рече дека се надевам дека заеднички со позицијата ќе се посветат на реформите и да утврдат датум за предвремени парламенатарни избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека работат на својот предлог закон за јавното обвинителство, чија основна цел ќе биде да се обезбеди правда за сите.

More from ВестиMore posts in Вести »