Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека по претходно изготвен план, а како дел од курсот за основна обука за полициски службенци на 25 јули во текот на целиот ден улиците “Булевар 1 ви Мај” –кај Црн мост, улица “8-ми Септември”-кај “Лукоил“ и улица “Македонски Гемиџии”-Карпош, кандидатите за полициски службеници заедно со полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола ќе реализираат практична обука за физичка регулација – физичко регулирање на сообраќајот, каде што секој кандидат треба да регулира сообраќај заедно со полициски службеник .
За таа цел ги замолуваме граѓаните да имаат разбирање и трпение кон кандидатите за полициски службеници при изведување на практичната обука.






