Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ организира конференција “Сеќавање, одговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот“ (фото)

Невладината организација „Сумнал“ денес ја организира конференција на тема “Сеќавање, орговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот“.Конференцијата е во рамките на проектот “Психосоцијална поддршка и советување, социјален клуб и односи со јавноста на 100 преживеани Роми жртви на Холокаустот“ во Скопје финансиран од EVZ Stiftung – Erinnerung, Verantwortung, Zukunft кој е наменет за постари лица – Роми, жртви на Холокаустот во Македонија родени пред 09 Мај 1945 година, рече Фатма Бајрам Аземовска, од “Сумнал“ невладина организација која е препознатлива по својата работа во нашиот град.Учесниците на денашната конференција на тема “Сеќавање, орговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот“, ги поздрави директорот на НУ Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола, Бојан Стефановски.Во уводниот дел покрај  Аземовска зборуваше и проф. д-р Александар Стерјовски, а беше прикажан и краток филм.На повикот се пријавија говорници со свои истражувања и погледи кон оваа проблематика, кои денеска ќе ги презентираат своите трудови. Исто така вклучени се и универзитетски професори, професори по историја од средно и основно образование, студенти и други истражувачи по историја кои се вклучени и учесници во конференцијата.Сведоштва за Холокаустот презентираа Мустафа Јакупов (Ромите жртви на Холокаустот- заборавени), Антонио Стојановски (Еврејската  и ромската заедница во Холокаустот),  Џемилиана Абдулова (Еден кошмар за време на Холокаустот), Ивана Балтовска (Жртви на Холокаустот во Република Северна Македонија, со посебно осврт на Ромите-жртви на Холокаустот),  Ивана Хаџиевска ((Не)Политички тела, тела кои (не)болат. Историјата на Ромите во Холокаустот во политиките на меморија и институционализирање на меморијата), Мирдита Салиу (Геноцидот на Ромите на Балканскиот Полустров во Втората Светска Војна), д-р Јасна Софија Косановиќ (Порајмос- ден на сеќавање на геноцидот над Ромите.

Во нивните трудови и самата конференција ќе стави акцент на признавање и сеќавање на Ромите кои биле жртви на Холокаустот. Од сите трудови кои ќе се презентираат на конференцијата ќе биде изработен зборник на трудови.

More from ВестиMore posts in Вести »