Press "Enter" to skip to content

Петровска и Милевски ја промовираа кампањата “Мој ДДВ“ (фото)

Кампањата „Мој ДДВ“ имаше своја промоција во Битола, а промотори беа градоначалничката Наташа Петровска, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Тие заедна пазаруваа во “Веро“ и се вклучија во оваа акција, а потоа и го скенираа кодот од фискалните сметки, со цел да се промовира заложбата на Владата за повраток на средствата кај граѓаните.-На Широк Сокак промовираме една од мерките на Владата, 15% поврат од ДДВ. Ова е прекрасна мерка која што им овозможува на граѓаните да имаат директен поврат на средствата од ДДВ, кој што ќе завршуваат директно во нивните џебови, истакна градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска.Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски посочи дека до денес, согласно податоците добиени од УЈП, евидентирани се над 5,5 милиони фискални сметки. 

-Со оваа мерка остварен е прилив во Буџетот нешто повеќе од три милијарди денари, а поврат граѓаните ќе имаат над 50 милиони денари. Значи, над 800 илјади евра веќе ќе се слеат на сметките на граѓаните, рече министерот Милевски.

Управата за јавни приходи ги информираше граѓаните за мерката преку скенирањето на фискалните сметки, за начинот на скенирање, или пак можноста да ги пријават сите недостатоци во подрачната единица на УЈП во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »