Press "Enter" to skip to content

Општина Битола со пари од Министерството за култура внатрешно ќе го уредува киното “Манаки“

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска оствари работна средба со градоначалниците на општините Липково, Боговиње, Врапчиште, Битола, Крушево и на Градот Скопје на која се разговараше за одобрените средства за капитални дотации во областа на културата во 2019 година.

По средбата, министерот за култура и шесте градоначалници потпишаа Договор за реализација на Програмата за користење на средствата за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата за оваа година.

За Општина Битола се издвоени 8.637.697 денари, наменети за ентериерно уредување на објектот „Кино Манаки“. 

More from ВестиMore posts in Вести »