Press "Enter" to skip to content

Со полагање цвеќе одбележани двата Илиндена, 1903 и 1944 година (фото)

Со полагање цвеќе пред споменикот на Илинден во храмот на црквата “Св. Недела“
започна чествувањето на големиот македонски празник Илинден.  Претставници од Советот на Општина Битола положија цвеќе од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Цвеќе се положи и кај споменикот пред Центарот за култура, во чест на големиот и светол  празник Илинден, од страна на делегација од Советот на општина Битола.-Денес го одбележуваме Илинденското востание од 1903 кога се прогласи Крушевската Република, го одбележуваме Првото заседание на АСНОМ 1944, кога се поставија темелите на државноста на републиката. Поради големината на денот, Ви го честитам празникот со желба во ова време на ниска општествено-политичка култура да се присетиме на мислите за кои животот го посветиле Даме, Питу, Ченто…Нека ни е честит и вечен Илинден, рече советничката Татјана Крнчева.

Во чест на празникот со свежо цвеќе почест им оддадоа и делегациите на Сојузот на борци Битола, како и политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.