Press "Enter" to skip to content

По 9 години родена тројка, зачната по природно забременување, во Битолската болница (фото)

Денес на одделението за гинекологија во битолската клиничка болница “Д-р Трифун Пановски“ се случи, како велат, за нив голем и убав настан.

-Денес на свет дојдоа три девојчиња, кои се зачнати без ИВФ и други техники за асистирана репродукција. Оваа е карактеристична бременост и породување, бидејќи се случува еднаш на 10.000 раѓања.  Мајката и трите новороденчиња се добро, со оглед на тоа што ова се води, како ризична бременост, рече Николина Ристевска, специјалист гиникол.Среќната мајка е Зулфија Рушмановска од село Обедник, а трите девојчиња после породувањето  се во инкубатор  и за нив се грижи неонатолог, д-р Лилјана Момева.

-Трите девојчиња, според мене, се родени во 34-35  гестациска седмица, и заради родилната тежина се во инкубатор, и се  витални. Првото е родено со 2,6, второто 1,6 и третото 1,56о килограми, рече неонатологот, Момева.

Во тимот за породување покрај Ристевка, беа и гинекологот Васа Божиновска, анестезиолот Игор Неделковски.

-Ова ми е втора бременост, а од првата има син. Се чуствувам одлично и немав страв при породување и за време на бременоста, рече мајката, Зулфија Рушмановска, за која лекарите велат дека била ретко дусциплиниран пациент и ги применувала сите совети и препораки на лекарите, а посебно на матичниот гинеколг  Елизабета Никодинова кој ја следеше целата бременост.

С.Р.