По прифаќањето на понудената донација од ГП “Пелистер“ од страна на Советот на општина Битола на последната седница, која се одржа на 1 август, започна реконтрукцијата на дел од спортската сала “Боро Чурлевски“.
Спонзорот на донацијата ГП “Пелистер“ веќе ги испрати екипите на терен, а денес работат на санација на саниратниот јазол под јужната трибина.
Според она што ни го кажаат работниците и според она што се гледа на фотографиите кои ги направивме, овој санитарен јазол е во страшна состојба, а не фунционирало ништо. Се поставува нова канализациона мрежа и вода, а потоа ќе се дотерува.
Оваа реконтрукција е неопходна поради играњето на Еурофарм Работник во СЕХА лигата и Лигата на шампиони, каде критериумите се строги.
Првата ЕХФ инспекција дојде пред дваесетина дена, а до каде се стигнати поправки, ЕХФ ќе утврдува на 13 август, а покрај ова треба да се подобри и осветлувањето.
С.Р.






