Press "Enter" to skip to content

Фото вест: муслиманските верници во Битола го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам

Муслиманските верници во Битола и во целиот свет денес го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам, како што уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, а се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите.

На сите верници празникот им ги честита муфтијата Амит Расими.На Бајрам се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Во Битола таа се одржа во Исак Челеби џамијата, ја предводеше имамот Орхан Демири, а присуствуваа и голем број на верници.Потоа голем број на верници ги посетија и старите Турски гробишта.

Текст и фото: Агим Џело