Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: на “Меџитлија“ приведен Србин, во Магарево пронајдена граната од Прва светска

На 14.08.2019 во 11,00 часот на Граничниот премин “Меџитлија“ на излез од РСМ, при извршена проверка на патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со српски национални ознаки, управувано З.Г. (47) од Р. Србија констатирано едека ВИН бројот не се совпаѓа со бројот на возилото. Поради постоење основи на сомнение дека се работи за сторено кривично дело “фалсификување исправа“ лицето било приведено, а потоа со возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

На 14.08.2019 во 08,08 часот во СВР Битола, Ќ.С. од Битола, пријавил дека во атар на с. Магарево, при изведување земјоделски работи во нива негова сопственост, пронашол една артилериска граната од 75 мм од Првата Светска војна. Од страна на пиротехничар од ДЗС пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.