Press "Enter" to skip to content

Битола од Владата ќе добие 5 милиони денари за намалување на аерозагадувањето

Над 5 милиони, поточно 5.054.762 денари е издвоениот износ за Општина Битола, по реализираниот јавен повик на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година.

Согласно јавниот повик за избор и рангирање на најзагадените градови/општини кои ќе бидат корисници на опремата за горилници на плин (гас), АЦ Инвертер клими, ВРФ систем, топлински пумпи.

Комисијата за спроведување на постапката за избор на корисниците-градовите за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, одлучи да издвои 5.054.762 денари, за која вредност ќе биде набавена опрема, согласно доставените проекти.

Граѓаните дополнително ќе бидат информирани за објектот/објектите, за кои ќе биде наменета опремата.