Во текот на вчерашниот ден новото јавно општинско претријатие за паркинзи ги постави апаратите за влез и излес на паркинзите на местата каде што имаше и досега рампи за влегување и излегување од паркинзите.
Вакви рампи се поставени кај паркингот на плоштадот “Гоце Делчев“-пред Центарот за култура, кај старата автобуска станица и пред спортската сала.
Деновиве ќе се врши тестирање на системите за наплата со добивање на влезен билет на овие паркинзи и наплата на паркинг во трафиките за наплата.
Претходно беше објавен и оглас за прием на работници во новото јавно претпријатие, беа одбележани паркинг местата за паркинг со наплата, паркинг за инвалидизирани лица и таксисти.
По последните тестови на опремата и системот за наплата со СМС за брзо време ќе започне да функционира и јавното претпријатие.
Претходно беше објавена и цената за паркирање на одбележаните паркинг места во сите зони за паркирање.






