Press "Enter" to skip to content

Фото вест: најубавиот балкон во центарот, како би било кога сите балкони би биле вакви

Битолчани кои поминуваат низ центарот на Битола, поточно кај старата автобуска станица и да сакаат не можат да не ги забележат најубаво уредниот балкон со цвеќиња, можеби во цел град.

Додека навечер го фотографиравме балконот, до нас беше возрасна битолчанка, која рече дека тука работи и секогаш кога поминува го гледа балконот, кој е навистина прекрасно и со многу вкус уреден со сезонските цвеќиња.

-Работам тука во близина, гледајте како е убаво среден, ретки се вакви домаќини сега, а и јас се клавам во недомаќините. Не дека немам средства, туку ете така. И лани го гледав и реков за оваа година и јас ќе пробам вакво нешто, но пак ќе оставам до година, ни рече битолчанката.

Потоа во неколкуминутниот разговор заклучивме дека едно, како би било кога цела зграда, и некогаш цел град би бил вака уреден. Не дека немаме по 1.000 денари, туку дека не сме домаќини и мераклии како нашите сограѓани, кои треба да бидат пример за сите нас, секако дека има и исклучоци.