Press "Enter" to skip to content

“Трка на радоста“ на Шеталиште, на 1 септември, за старт на учебната година (фото)

Ученици од Битола новата учебна година ќе ја почнат со хуманитарна “Трка на радоста“. Манифестацијата ќе се одржи на 1 септември во двата града, односно на Градското шеталиште во Битола, а ќе се трча и во Градскиот парк во Скопје. По тој повод денес се одржа прес конференција на која организаторот и помагателите зборуваа околу настанот.

Организаторот на “Трка на радоста“, Весна Божиловиќ, издавач на првиот веб ТВ-канал во земјава посветен на најмладата и најпребирлива публика “TVB.mk“ на пресот рече:-“Трка на радоста“ ќе се одржи на 1 септември  по слоганот “Произведуваме забава“ и на неа ќе учествуваат првачињата и деца од седум до 12 години. Трката ќе се реализира во две трки “Првачињата трчаат“ на 200 метри и “Учениците трчаат“ на 500 метриМ. На 1 септември децата радосно ќе влезат во новото животно поглавје, а со самото учество ќе усреќат и свои врсници од загрозени семејства, зашто дел од средствата што ќе се соберат за учество на трката ќе бидат донирани. Придобивките не се мерат со часовник, ни со наградниот фонд, туку според чувството на задоволство и вештините со кои се стекнуваат од мали.

Хуманитарната “Трка на радоста“ е поддржана од компанијата “Бучен Козјак“.-Навистина ми е драго што сум денес во Битола и ние како компанија ќе дадеме придонес во реализација на овој проект. На секој човек па и мене му останува во сеќавање првиот училишен ден, а јас се присетив кога ми го прочитаа името на 1 септември. Идејата на Весна и нејзиниот тим за нас како компанија беше прекрасна и не размислувавме многу за прифаќањето на понудата да бидеме покровители и спонзори на “Трката на радоста“.  Ние како компанија сакаме да продуцираме генерации потрошували со здрави навики, кои ќе конзумираат природни млечни производи. На 1 септември ќе го промовораме и јогурт, прекрасен производ кој ќе им помогне да ги издржат секојдневните обврски, рече Анита Спасовска, генерален менаџер во “Бучен Којзак“ од Куманово.

Кога на сето ова ќе се додаде хуманата нота, тогаш оваа детска трка го заслужува името „Трка на радоста“, истакна Весна Божиловиќ, која рече хуманиот карактер ќе се гледа што училишен прибор ќе добијат оние на кои им е потребен. 

Во техничката реализација на “Трката на радоста“ ќе биде вклучена спортската академија од Битола, а Лазе Гаштаров, ментор професор рече:-Нашата академија активно е вклучена во сите спортски настани во градот, секаде онаму каде што има потреба, а не ретко донираме и во хуманитарни цели. Се надевам дека организациониот  дел за кој што ние сме задолжени ќе помене во најдобар ред, а децата ќе бидат среќни со овој настан.

Хуманитарната трка логистички е  поддржана и од Советот  на Општина Битола, а Борче Корлевки, советник и претседател на Комисијата за спорт во Советот на  Општина Битола, додаде:-Со задоволството го поддржавме настанот “Трката на радоста“ и ги повикуваме оние учениците од основните училишта  кои имаат желба, да учествуваат на оваа трка. На сите ученици им посакуваме среќна и успешна учебна година и апелираме да ги негуваат здравите навики.

Пријавувањето за учество во трката што е од ревијален карактер завршува на 28 август, а секое дете што ќе ја заврши трката ќе добие медал.