На последната седница на Централниот одбор меѓу новите кадровски решенија се најде и битолчанката Елизабета Наумовска.
Премиерот Зоран Заев, до Собранието ќе ја предложи Наумовска, како нов заменик министер за образование и наука, соопшти Заев по завршување на вечерашната седница на Централниот одбор.
Пред еден месец Елизабета Наумовска беше назначена за претседател на комисијата за образование.
Елизабета Наумовски, е актуелна директорка на средното општински училиште “Таки Даскало“, а била и на партиските функции во областа на образованието, а во изминатите пет-шет години била член на централната комисија за образование и наука и член на секратаријатот на Централната комисијата. Наумовска десетина години е претседател на локалната комисија за образование и претседател на регионалната комисија за образование и наука.






