Press "Enter" to skip to content

Фотовест: се санира покривот на градинката “Естреа Овадија Мара“

Деновиве активно се работи на санација на покривната конструкција  во градинката Пролет, која е во рамките на ЈОУДГ “Естреја Овадија Мара“.

Покрај покривната површина, со градежните работи се зафатени и олуци, шамбрани, опшивки, надсветло и куполи во оваа градинка.  

На овој начин се подобруваат условите за згрижување на децата во градинката Пролет, притоа решавајки долгогодишен проблем.