Press "Enter" to skip to content

Во РЕК “Битола“ промовиран електронски едукативен центар за дијабетес (фото)

Во РЕК “Битола“ денес беше промовиран Електронскиот едукативен центар за дијабетес, кој го изработи Здружението на дијабетичари од Битола, со поддршка на Синдикалната организација на Подружница РЕК “Битола“, во рамките на свеченостите по повод 28 август, Денот на рударите.
 
 
Сидникалната организација на РЕК “Битола“ донираше средства за отворање на електронски едукативен центар за дијабетeс во Битола, за што претседателот на Менде Фидановски, на денешната промоција рече:
 
-Ние од Синдикалната организација на РЕК “Битола“ одлучивме во рамките на свеченостите на 28 август, Денот на рударите, да донираме за почеток на електронскиот едукативен центар за дијабетeс во Битола. За ова се одлучивме бидејќи во последно време дијабетeсот, станува хронична болест и се поприсутна болест во Битола, и на болните од дијабетeс кои не се многу запознати со причините и последиците од оваа болест да го помогнеме со отворањето на електронскиот едукативен центар. Ова го правиме во рамките на средствата со кои располага за општествена одговорност, а ние помагаме колку пто можеме и на спортски клубови, здруженија…
Претседетелката на Здружението на дијабетичари на Битола, Душанка Атанасовска, рече дека со помош на едукативниот центар болните и оние кои имаа симптоими за оваа болест, преку овој центар ќе можат да се запознаат со се што е поврзано со  дијабетeсот.
-Електронскиот едукативен центар ќе биде достапен на сите болни од дијабетeс, не само во Битола, туку и во другите градови во Македонија. Поради драстичното зголемување на заболени од дијабетeс во Битола ние го отворивме овој електронски едукативен центар, а планираме во иднина да држиме и научни предавања на кои ќе каниме предавачи не само од Битола, земјата, туку и пошироко од светот, Душанка Атанасовска.Лекарката која денес беше на промоцијата на овој центар денес вршеше бесплатно мерење на шеќер во крвта на вработените во Комбинатот и на присутните новинари. Таа им даде и совети на оние кои имаа зголемен шеќер во крвта како да се оснесуваат понараму, а одговараше на прашања за тоа како се открива и како се лекува оваа болест, која како рече, за жал зафаќа се помлада популација, а во државата ја имаа повеќе од 40.000 лица.