Press "Enter" to skip to content

Фото вест: започна наплата на паркинг во затворените паркинзи

Паркирањето на четирите паркинзи во Битола, каде има терминали и рампи, а се наоѓаат кај поранешната стоковна куќа “Јавор“, пред центарот за култура, кај старата авобуска станица и кај спортската сала, од утрово се наплаќа.

Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и
уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Oпштина Битола, утрово ги спушти рампите.Битолчани кои изминатиот период паркираа на овие паркинзи, а не сакаат да плаќаат паркинг, направија мала гужва, најповеќе пред Центарот за култура и заминуваа барајќи место каде нема да платат.

 Деновиве нема да има наплата на паркинг услугите на останатите одбележани паркинг места.