Press "Enter" to skip to content

Денес седница на Советот на општина Битола, 39. по ред

Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 10 часот ја закажа 39-та седница на Советот на Општината Битола, на која ќе расправа по 16 точки, а ќе има и две дополнителни точки околу работењето на новото јавно претпријатие за паркинзи.

На двевер ред нема точка за расправа околу платформата за ракометна Битола, а дали ќе биде како дополнителна точка ќе се знае на почетокот на Седницата.

Седницата на Советот е со следниот предлог на дневниот ред:       

-1. Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Битола за 2019 година.

-2. Одлука за утврдување на приоритет на барање за изработка на техничка документација за проект Изградба на локален пат за с. Црнеец – с.Лопатица.

-3. Информација за безбедносната состојба на подрачјето на полициската станица од општа надлежност Битола во текот на првото полугодите од 2019 година.

-4. Измени на Годишен план за вработување во општинската администрацијана Општина Битола за 2019 година.

-5. Годишен план за вработување на ЈП “Пазари“ за 2020 година.

-6. Годишен план за вработување на КЈП “Нискоградба“ за 2020 година.

-7. Годишен план за вработување на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола за 2020 година.

-8. Измена и дополнување на Годишнит план за вработување на ЈП “Комуналец“ за 2019 година.

-9. Годишен план за вработување на ЈП “Комуналец“ за 2020 година.

-10. Решение за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Статутот на ЈП “Комуналец“ – Битола (Пречистен текст) Бр.02-681/3-1 од 18.10.2018 година.

-11. Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈППЈЛП Битола.

-12. Решение за давање согласност на Статутот на Јавната општинска установа за социјална заштита Дом за стари лица Сју Рајдер – Битола.

-13. Решение за давање согласност на Одлука за промена на Ценовникот за услуги на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проктирање и инженеринг при Општина Битола.

-14. Решение за давање согласност на Одлука за донација на проект од ЈПЗУППИ

-15. Донација на основен проект за адаптација на објект на детска градинка Пролет.

-16. Решение за давање согласност на Одлука за промена на висината на бодот на плата во Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проктирање и инженеринг при Општина Битола.

Како дополнителни точки на дневниот ред се:

-1. Решение за давање согласност на Правилникот за внатрешна организација на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола (ЈППЈЛП Битола).

-2. Решение за давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места на Јавното претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола (ЈППЈЛП Битола).