Press "Enter" to skip to content

Денес и утре уписи за бруцошите на факултетите на УКЛО, слободни 2.935 места

На универзитетот “Св. Климент Охридски“ денес започнуваат уписите на новите студенти на сите факултети, како и на останатите државни универзитети.

Студентите за уписот можат денес и утре, да ги поднесат документите за упис, во прва година на прв циклус студии во учебната 2019/2020 година.

Прелиминарната листа со примени кандидати ќе се објави на 3,  конечната на 6 септември, а нов упис ќе има на 11 септрември. 

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола, според претходно објевениот Конкурс, во академската 2019/2020 година има 2.935 слободни места, 1.575 во државната квота, 820 со кофинансирање и 540 за вонредни студенти.
 
-505 на Техничкиот факултет,
 
-400 на Факултетот за информатички и комуникациски технологии,
 
-400 места има и на Факултетот за безбедност во Скопје,
 
-330 студенти може да студираат на Економскиот факултет во Прилеп,
 
-300 на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид,
 
-280 бруцоши може да се запишат на Високата медицинска школа,
 
-220 на Правниот факултет во Кичево,
 
-215 на Педагошкиот факултет,
 
-165 на Факултетот за биотехнички науки,
 
-75 на Технолошко-техничкиот факултет во Велес,
 
-45 нови студенти на Ветеринарниот факултет.