Press "Enter" to skip to content

Филипче: нема запишување во школо и градинка без примени вакцини

-Нема запишување на невакцинирани деца во школите и градинките, како согласно правилниците, така и согласно важечките закони, затоа што никој нема право да го загрозува јавното здравје своите индивидулани постапки, рече министерот за здравство, Венко Филипче, при посетата на службата за итна медицинска помош во Здравствениот дом во Битола.

За сите првачиња кои ќе се запишат на школо оваа учебна година родителите треба до почетокот на школската година да потврда дека детето ги примило сите вакцини и пополнет вакцинален картон.

Министерот Филипче за процентот на вакцинирани деца рече:

-Процентот на вакцинирани деца во нашата земја е како никогаш досега. Во Скопје е 99 проценти, а 95 проценти ширум државата. Сеуште има еден мал број на невакцинирани деца.