Денот на рударите, 28 август, денес на пладне беше одбележан во рудникот “Суводол“ РЕК „Битола“ на свеченост на која присуствуваа министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски и поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и генералниот директор на РЕК “Битола“ Златко Ќурчиевски и директорот на рудници, Денот на рударите прв им го честита поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, кој им посака здравје на сите рудари и вработени во РЕК “Битола“, и долги години заедно со овој празник да го слават и празникот на Пресвера Богородица. Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски честитајќи им го празникот на рударите рече дека новите технологии треба масовно да се воведуваат и во рударството, а ЕСМ и РЕК Битола имаат можност, но и должност да бидат лидери во воведувањето нови технологии и додаде:-Владината поддршка на рударите и рударството е голема и видлива и дека така ќе биде и во иднина. Во земјава има околу 100 активни рудници и тоа ја прави оваа гранка да биде еден од основните столбови во нашата економија. Со цел поддршка на рударството Владата презеде значајни чекори за подобрување на условите за работа, а во РЕК “Битола“, уште од почетокот на нашиот мандат работиме да обезбедиме одржлива и видлива иднина за комбинатот со што ќе се овозможи стабилност електроенергетскиот систем.Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски упати честитка по повод празникот Голема Богородица и Ден на рударите за како рече, нашите рудари, тие се тие од каде почнува производниот процес во АД ЕСМ и во нашите термоелектрани.-Јагленот е основата на производството на електрична енергија во нашите рударско-
енергетски комбинати и работата на рударите е несомнено најтешка. Сите знаеме како е да се биде во рудникот-и во лето и во зима. И не се знае кога е потешко да се извршуваат работните задачи, нагласи Ковачевски и додаде:Затоа и јас лично и раководството на компанијата и на комбинатите вложува секојдневни напори да обезбедиме услови и можности за што поефективно, побрзо, побезбедно и посовремено ископување јаглен во нашите рудници, и во РЕК “Битола“ и во РЕК “Осломеј“. РЕК “Битола“ останува основата на електро-енергетскиот систем на нашата држава. Посветени сме на негово одржување и унапредување со цел да одговориме на потребите за електрична енергија на граѓаните и на целата држава.Директорот на РЕК “Битола“, Златко Ќурчиевски, уште еднаш нагласи дека посебно ги почитува и им во вреднува трудот на рударите и ќе продолжи со тоа иако некој и му “замеруваат“ за тоа. -Во првите 8 месеци во РЕК “Битола“ Блок-1 испорачал 699.026 мегават часови или 110 проценти од планираното, Блок-2 испорачал 858.743 мегават часа или 122 проценти од планираното и Блок-3 испорачал 672.355 мегават часа или 116 насто од планираното, информира Вкупното производство на испорачаната електрична енергија е 2.230.124 мегават часови и е 16 насто над планираното, а ако кон ова се додадат заштедите во потрошувачката на мазут кои изнесуваат 30 проценти тогаш слободно може да се каже дека РЕК Битола има успешна производствена и инвестициско-еколошка година, нагласи Ќурчиевски.Директорот на Рудниците на РЕК “Битола“ исто така се задржа на работата на рударите во тешките услови за работа кои ги имаат и дека покрај технолошките и техничките проблеми се борат и со метеоролопките проблеми.По повод денот на рударите беа наградени 45 рудари, а двајца добија посебни плакети за нивната работа во Комбинатот. Наградени беа Ѓорѓи Сотиров за 40 години работен стаж и Симјан Талевски за 43 годишен стаж, и двајцата сега во пензија.Текст и фото: С. Ристевски
Денот на рударите одбележан во рудникот “Суводол“ на РЕК “Битола“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Александар Мирчевски нов директор на ЕСМ Топлификација Битола
- Нов пораз на Еурофарм Пелистер во Лигата на Шампиони
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола