Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Виктор Димовски прв директор на Агенцијата за национална безбедност

Битолчанецот Виктор Димовски е првиот директор на новоформираната Агенцијата за национална безбедност, која ќе работи независно од Министерството за внатрешни работи и произлегува од поранешно УБК.

Агецијата започна со работа од денеска, а Димовски на ова место дојде со избор на Владата во јуни оваа година.

Димовски  е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство, а од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на нашата земја во Србија и Црна Гора, како и во државата Израел.

Извршувал и други одговорни должности во Министерството, како помошник министер, државен советник и специјален советник.

Димовски бил национален координатор на нашата земја во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната комисија за утврдување на границата со СР Југославија.

Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски бил директор на Агенцијата за разузнавање.

More from ВестиMore posts in Вести »