Press "Enter" to skip to content

Бараките на “финансов“ кај Дрвен пазар, заминаа во историја, ќе се гради деловен простор (фото)

По реакцијата на жителите од месната заедница “Вангел Мајоро“ и по спроведената постапка, денес запопна рушењето на старите дрвени бараки, познати како бараките на финансов.Рушењето го вршат битолските јавни претпријатија, кои воедно и започнаа да го уредуваат просторот кај поранешните бараки во кои беше сместена Управата за јавни приходи. Објектите веќе се водат во нивните списи и тој документ е пристигнат во Општина Битола. Откако општината констатираше дека овие објектите се вон употреба, на терен пристапи комуналната инспекција која го изготви решението за отстранување на објектот.Со години наназад, овие објекти беа надвор од употреба, речиси целосно беа уништени, а покрај лошата слика во централното градско подрачје, жителите се жалеа и на немили сцени кои што се случуваа во овие објекти, за што како рекоа се многу благодарни за постапката која ја чекаа да се заврши неколку години.-Во урбаната заедница “Вангел Мајорот“, во централното градско јадро, со години имаше проблеми со објектот кој одамна беше исфрлен од употреба, но исто така беше и дувло на девијантни појави. По барање на граѓаните од оваа урбана заедница, но и по согледувањата на комуналната инспекција, овој објект се отрстранува и се расчистува цела област. За оваа парцела постои детален урбанистички план, но што понатаму ќе се прави ќе биде усогласено со потребите на граѓаните и со она што го предвидува ДУП, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.Јавното претријатие “Комуналец“ денес активно вклучено денешниот старт на акцијата за расчистување, а директорот Панде Богоевски, кој рече:-Имаме заедничка координирана акција на сите јавни претпријатија, бидејќи ЈП “Kомуналец“ нема голема механизација, го расчистуваме овој простор кој подолго време претставуваше проблем за самите жители, па и минувачи, беше во лоша состојба и претставуваше дива депонија. Во наредните денови ќе го средуваме овој простор и на крајот ќе бидат уредени и зелените површини во соработка со Општина Битола.За наредните планови со овој простот кој се наоѓа на атрактивно место во центарот на градот градоначалничката Петровска рече дека доколку имаме согледување дека граѓаните имаат потреба од нешто друго, ќе дојде и до промена на ДУП, се во насока на задоволување на потребите на граѓаните од овој регион.  ДУП во еден дел предвидува изградба на деловен простор, другиот е инграструктура, паркинг простор, но што ќе се реализира и во која насока ќе се движиме, крајниот збор ќе го имаат граѓаните.