Имајќи предвид дека изведената градба “Доводен цевковод и нов резервоар за село Лавци“ е ставена во пробна функција, ЈКП “Водовод“ – Битола како надлежен општински давател на услуга.
Ве известува дека во наредниот период ќе се продолжи со испитување на инсталираната опрема која е составен дел од системот, а потоа ќе се направи официално примопредавање на водоснабдителниот систем помеѓу Општина Битола и ЈКП “Водовод“- Битола.
Во вакви околности, крајните потрошувачи водата можат да ја користат како необработена (техничка вода), се додека на добијат поинакво писмено известување.






