Press "Enter" to skip to content

Џемерите од екипата на “Return Zero“ (“Гребнати“), победници на Глобал Гејмџем Македонија во Битола

Во хотелот “Театар“ во Битола, по 48 часа компјутерски маратон, заврши уште едно издание од Глобал Гејмџем Македонија, GGJMK2018, а на крајот беа прогласени и победниците.

Победници на овој џемерски маратон се члеnовите на екипата “Return Zero“ (“Гребнати“), кои направија “multiplayer арена“ игра во “Unreal engine“ која ја демонстрираа со 4 играчи во realtime.

На второ  место е екипата на “Мазни“, кои за 48 часа направија игра во “Unity“  каде еден часовничар мора да ги заврти запчаниците во саат кулата во даден редослед за да го поправи.Трето мест им припадна на екипата на “Space Bananas“,  група дечиња од 9-12 години кои направија игра во “Scratch“ каде играчот треба да реши анаграм од букви кои ги собира од разни планети.

На Глобал Гејмџем Македонија во хотел “Театар“ во Битола учестуваа 50-тина џемери и џемерки, а еве ја официјалната статистика за се она што се случуваше:
* 50 учесници (натпреварувачи)
* 90% машки, 10% женски
* 70% полнолетни, 30% малолетни
* 6 организатори (сосе волонтери)
* 10 прототипови на игри
* 2 проекти во Scratch
* 1 проект во WebGL
* 3 проекти во Unity
* 1 проект во Unreal
* 2 проекти во Construct 2
* 1 проект во python
* Конзумирани: 100 литри Coca-Cola, 120 литри Bimilk сокови, 200 пакетчиња грицки од Podravka, над 500 чашки кафе и какао од LioCafe, и 100 литри Pelarosa вода.

More from ВестиMore posts in Вести »