Press "Enter" to skip to content

Стефан Ристески, сопственик на ТА “Balkan Fun“-Прилеп: ги поместуваме границите на добриот провод 

Стефан Ристески од Прилеп е  дипломиран економист од областа на маркетинг.  Со своите 26 години  ентузијазмот, искуството и желбата да направи нешто повеќе за средината во која живее , се одлучива да отвори свој бизнис   точно предгодина и пол. Тој истакна: имав своја замисла и  бизнис план  во Прилеп да го донесам врвот на забави и патување за млади. Она што се нарекува платформа која вклучува на едно место забава, уживање, музика, дружење и незаборавни моменти, отсега е достапно и за Прилепчани, но и  за цел регион.Кажете ни  повеќе за ТА Balkan Fun  Прилеп?

-Balkan Fun Prilep , својата мисија ја гледаат во креирањето на добро смислени забави, party патувања, фестивали за млади, со што сме единствени во Македонија што работиме на овој принцип и сите не препознаваа по нашиот квалитет и ниската цена. Тимот на вработени во Balkan Fun Prilep во своето портфолио на работа има потпишано повеќе брендови за забава и патувања за млади, а од кои ги одвојуваме следниве : Balkan Fun –; Summer Fun –; Junior –; Winter Fun –Balkan Fun parties; Balkan Fun private; Road Fun– Party bus , High School Fun –. Да споменам Туристичка агенција БАЛКАН ФАН e агенција на интернационално ниво во 7 држави на Балканот. Осонована е во 2009 годин е дел од најбрзорастечката туристичка група во регионот, FG Travel Group,, која работи во 7 земји, преку 13 гранки и широка мрежа на субагенти и соработници.По што се одвојувате и разликувате од другите туристички агенции на пазарот ?

Како најголем тур-оператори на Балканот и во Македонија со голем број на соработници во странство ние успеваме да ја задржиме ниската цена а да им дадеме квалитетна и целосната програма на нашите клиенти, можам да кажам дека сме единствени во Македонија што работиме на овој принцип и cме бр.1 агенција за млади а и за останатите клиенти. Заради ова и се разликуваме од другите агенции по евтините аранжмани и целосната програма која им ја нудиме на нашите клиенти.Како се информираат вашите клиенти за патувањата што ги нудите?

Најмоќна алатка на 21 век е интернетот преку социјалните мрежи , нашата агенција има и систем преку кој ги известуваме лојалните клиенти за проеkтите кои ни следуваат , огромен број на субагенти и промотери кои се достапни за нашите клиенти.Ваше мото или слоган е: ги поместуваме границите на добриот провод. Кажете ни повеќе за вашите патувања и аранжмани за млади?

-Нашата мисија е да ви обезбедиме патување за кое ќе го прераскажувате на вашите пријатели долги години; на забавите само за вас невозможното го претвараме во возможно и со тоа ГИ ПОМЕСТУВАМЕ ГРАНИЦИТЕ НА ДОБРИОТ ПРОВОД!  Ние знаеме дека битен дел кај младата популација се патувањата и поради тоа нашиот тим работи на тоа да бидат перфектно организирани и осмислени се до најмал детал. Секако тие детали најмногу се паметат и прераскужуваат, а со тек на времето стануваат најубавите моменти од младоста. Тие позитивни моменти на повеќе од десет илјади млади особи се наша најголема референца во младинскиот туризам. Со нив се одвојуваат патувањата за млади од обичните патувања.Истакнете некои од вашите интересни патувања и аранжмани?

Наши најголеми така да ги наречем проекти се : Balkan Fun кое претставува прво  и најголемо „party“ патување за млади на овие простори. На Balkan Fun забавата се собираат преку 3500 млади луѓе од овие простори и  уживаат на нашите брендирани забави. Summer Fun е концепт на party летување за млади и претставува патување на кое патуваат преку 5000 млади луѓе од Македонија, Србија и окружувањето и кои ги спојува желбата за одличен провод и најдобро организано летување. Студентски ексзурзии После се дојде време со друштвото со кое студираш и заедно си водел студетски битки, да патуваш на незаборавно патување и да ја запознаеш Европа на потполно различен начи. High School Fun е концепт party летување наменето исклучиво за средношколци, прилагодени на нивните потреби и ускладени со обврските во средните школи. Winter fun –  Во Winter fun сезоната на патувања Balkan Fun Macedonia во соработка со Fun Group Travel Company, организира дочек на Нова година во најубавите Европски дестинации. Покрај тоа во овој производ се наоѓа и party скијањето за љубителите на адреналинот, доброто скијање. Super Raspust – секако да не ги заборавиме и најмалите , супер распуст за најмалите. После сите овие патувања многу задоволни клиенти кои секако раскажуваат и прераскажуваат за своите незаборавни моменти на патувањата со кои се поместуваат границите на добриот провод.