Press "Enter" to skip to content

“Бона Колорс“ врвен квалитет, услуги, професионалност, решенија за сите предизвици во градежништво

Ви ја претставуваме фирмата ДООЕЛ “Бона Колорс“  која се бави со трговија и услуги на бои и лакови и фасадни материјали. Тие се веќе 2 години на македонскиот пазар и се докажаа  и промовираа успешно  на пазарот со своите услуги.  Посебно во изведбите на термоизолационите фасади. Сопственикот на “Бона Колорт“, Бобан Наумоски, ни одговори на неколку прашања.Кои се услуги ги нуди Bona Colours ?

-“Бона Колорс“ нуди решенија на сите предизвици што се поврзани со градежништвото (ентериери -сува градба, и изведба на фасади) во согласност со нивните потреби и нивните желби. Согласно овај принцип, нашата клиентела постојано се проширува и нудиме максимална професионалност и квалитет, како и со изведбите така и со материјалите.Што добиваат клиентите кои “купуваат“ во “Bona Colours“ ?

-Слободно можам да кажам дека редовната клиентела како и останатите нови клиенти добиваат квалитет, врвна услуга, професионалност, гледано од секој аспект.Какви интересни идеи – решенија им се нудат на оние кои сакаат да реновираат и прават фасади?

-Нашата креативност е пред се. Како што е горенаведеното дека секогаш на прво место ни се  желбите на клиентите. Но исто така, ние сме тука да им предложиме и нови  идеи кои потекнуваат од нашето долгогодишно работно искуство  во изведбата на термоизолационите фасади и ентериери.Дали е тешко да се функционира на пазарот како нов бизнис?

-Конкуренцијата во овој бизнис моментално има најголем замав. Со оглед на тоа дека сме 2 години на пазарот, полека се издвојуваме од останатите конкуренти, секако со нашата професионалност, квалитет (како и во изведба така и во материјали), но и ниски цени.