И што да се каже наместо ова…
1. Ти си премногу мал за….
Кој го кажува ова? Ова често го кажуваат родителите кога детето: сака да се искачи некаде додека игра во дворот / сака само да се облече / да си подготви сендвич /да направи, помага дома… да скокне од две три скалила и многу други случаи… Нема потреба од ограничувања на овој начин. Како ќе знаеме дека може да направиме нешто додека не пробаме?
Наместо тоа: Покажата верба во способностиите на детето. Кажете нешто како во стил „Од тебе зависи …можеш да се обидеш!“.
2. Па, те предупредив…
Ништо не ја гуши самодовербата, ако ова му го кажеме в лице. Коментари како ова праќаат порака дека возрасните знаат подобро, дека децата не можат да веруваат во своите сопствени спосбности, и не можат да донесуваат сопствени одлуки. Таква порака не е добра, воопшто.
Наместо тоа: Сочувствувајте со детето и кажете „ Дали се чувствуваш повредено/разочарано/уплашено/вознемирено/шокирано?…
3. Во ред… но ќе зажалиш…
Што е неправилно, лошо ако се направи грешка? Ако зажалат за нешто што го направиле, тогаш тие ќе научат добра лекција од грешката. Нема потреба од додатен притисок со зборовите „Ти кажав“.
Наместо тоа: Не кажувајте ништо, или едноставно „Јас ќе бидам тука за тебе ако ти требам“.
4. Немој да ми дојдеш со плачење ако…
Дали ние како родител навстина сакаме нашите деца да помислат дека тие не можат „да дојдат кај нас со плачење“ за што било. Сигурно не мислиме така. Затоа со овој коментар се унiштува нашата поврзаност со детето.
Наместо ова: Не постапувајте вака никако! Молчете и нека знае дека секогаш ќе бидете за него со зборовите „тука сум за тебе“
5. Нема да ти се допаде ова или она… Нема да го сакаш…
Родителите често се жалат дека децата не сакаат да пробаат нови нешта, но тие поминуваат многу време кажувајќи им што да прават и да не ги посакуваат.
Наместо тоа: Не кажувајте им ништо.
6. Па кога не ја примаш мојата помош, сега прави што сакаш…
Ако ја употребиш оваа фраза, не му праќате јасна порака за концептот за помагање. Не е помош ако доаѓа со барања и жалби. Дали му помагаш на некого да прави нешто што го сака, или се обидуваш да ги контролираш нивните избори? Самодовербата можe да расте кога децата знаат дека имаат безбедно место, кога нештата не одат по планот, бидете за нив тоа место. Прашајте со што да им помогнете и обезбедете им го тоа без некои очeкувања.
7. Биди внимателен… пази…
Оваа фраза е кажана како предупредување, и со најдобри намери, но дефинитивно пренесува дека децата ги гледата како неспособни.
Наместо ова: Земете воздух и гледајте како вашето дете учи за неговото тело и способности.
8. Заради тоа што јас така реков…
Можеби некого ќе изненади. Но, возрасните не се авторитет во животот, и дефинитивнне за потребите на другите. Донесување на одлуки за вашето дете, без нивна согласност е крајно неважечкии дефинитивно не ја поттикнува самодовербата.
Наместо ова: „Ајде да го направием ова заеднички“ или “би сакал да ги слушнам твоите мисли и размислувања“.
9. Јас знам што е најдобро за тебе…
Ова е вообичаено верување, но тоа исто така не прави да е правилно и точно. Никој не ја познава личноста, или неговите потреби, подобро одколку самиот себеси. Ако сакаме да ја негуваме самодоврбата кај децата, тогаш не можеме да им кажуваме дека знаеме подобро што им е потребно.
Наместо: Дозволете им да знаат „Твоето тело е твој избор“. Ако сте природно загрижани за безбедно тогаш покежете го тоа и слушајте го нивното мислење околу тоа.
10. Добра работа…
Ова е сосема непотребно. Кога ги пофалуваме (наградуваме ) децата за нешто што тие го направиле, ние го свртуваме вниманието од тоа да се постигне нешто поврзано со нивната внатрешна потреба и мотивација, а не дека ни направиле задоволство нам. Всушност нив не им е потребна нашата награда. (wwwbitolanews.mk/совети текст: „Награда и казна во воспитувањето“)
Наместо тоа: „Успеа да го направиш тоа“ „Работеше многу напорно нели“. Или опишете што гледате.






