Press "Enter" to skip to content

“Јавен Адвертајзинг“ единствена образовна институција која нуди онлајн ИТ обуки во Пелагонискиот регион!

“Јавен Адвертајзинг“ од Битола е регистриранa и верифициранa институција за образование од страна на Министерството за образование и наука и Центар за образование на возрасните, која нуди обуки од областа на информатичките технологии, дигиталниот маркетинг и графичкиот дизајн.

“Јавен Адвертајзинг“ освен во Битола, од оваа година стартуваше и со свое претставништво во Охрид каде исто така се одржуваат обуки од истата област. Од многубројните обуки кои ги нуди Јавен Адвертајзинг може да ги спомнеме: Full Stack Developer, Data Science, Front End Developer, PHP програмирање, JAVA програмирање, веб програмирање, дигитален маркетинг и SEO, графички дизајн (Adobe Photoshop и Adobe Illustrator) итн.

Поради новонастанатата ситуација во државата, а и во светот и поради заштита на јавното здрaвје, “Јавен Адвертајзинг“ ги нуди сите свои обуки “ОНЛАЈН“. “Јавен Адвертајзинг“ користи софтвер кој е специјално креиран за онлајн учење. Часовите се одвиваат во реално време со реални професори и искуството е исто како во реална училница. Активностите се одвиваат паралено, се поставуваат прашања, се развива дискусија, се споделуваат екрани, односно целиот процес на учење се одвива непречено. 

Јавен Адвертајзинг се залага за целосна дигитализација на образовниот процес, како и унапредување на вештините на студентите во делот на користење на различни ИТ алатки.