Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: да се изгушкаме како никогаш до сега кога се ќе завршат целосно мерките…

Оваа реченица сите често ја повторувавме додека бевме затворени дома во изолација, спонатано, кога ни недостасуваа физичките контакти, допирите со децата, пријателите, нам драгите личности.

Долг период заради препорачаните ригорозни мерки слушавме и гледавме пораки кои ни  сугерираа да избегнуваме ракување, прегрнување, бакнување, допири… Да држиме дистанца од два, (а некои стручњаци и до осум метри).

Се поставува прашањето дали изолацијата и забраната за физички контакти и тактилен допир, ракување, гушкање, прегратки ќе остави последици врз нас?

Времето за кое строго се применуваа овие мерки не е долго,  за да остави последици се сложуваат психолозите. Крајот на изолацијата и целосно попуштање на мерките се најавува. Заради ова кога знаеме дека нешто ќе помине и е за одредено врeме тогаш имаме и психолошки капацитет да се носиме со она што го носи со себе.Мерките кои беа спроведени за да го заштитиме нашето здравје во  овие 2 месеци не би требало да остават далекусежни последици, но долгорочно гледано не би  смееле да рзмислувме за изолација како трајно решение“ вели психологот и пистел Томица Шчавина.

Во овие мигови најзначајно е дека крајот на изолацијата мора да се гледа.

Во овој процес на заздравување кој ни следи, кога мерките на претпазливост ќе поминат, важно е да го надокнадиме пропуштеното. Првенствено тука се мисли на социјално дружење, блискост и допир( гушкање, бакнување)

Да се изгушкаме како никогаш досега. Тоа е реченица која мора да ја имаме на ум, која можеме да им ја изговараме на пријателите и блиските од кои сме одвоени.

Овој начин на размислување ќе делува   утешно и исцелителна и претставува единствен вид противотров за целиот страв од блискост и допири кој ни беше всадуван овие месеци во изолација и карантин.

Спонтаното поврзување по пат на допир е од  есенцијална важност и баш во овие мигови кога се превземни мерките за избегнување на заразата со вирусот, мора да се превземат и мерки на исцелување на општествената клима. Сигурно е дека стравот од ракување и прегратки ќе не прати и понатаму. Тоа може да се надмине  со нагласување на значењето на допирот и афирмативен позитивен став кон блискост во дружањата кога опасноста ќе помине.

Допирот во нормални услови се препорачува од мигот на раѓање, како прв чекор на создавање на емоционална  поврзаност меѓу мајката и детето.Изолацијата и забраната за физички контакти тактилни  допири кои ги донесе најтешко ги поднесоа:

-Лицата од возраснста ризична група тука се постарите луѓе на кои им беше скратен контактот со децата, внуците, и со постари пријатели. Кои и инаку немаат блиски контакти, па и одењето на пазар многу им значеше. (заради тоа и тие не се плашеа и можа да се каже не ги почитуваа мерките доследно). Постарите беа ранлива група на повеќе начини. Тие не размислуваат за  иднината на начин како и младите, да планираат на подолг период некои големи потфати, кои бараат сила.  Заради тоа она што ги држи мотивирани за живот и најзначајни се всушност контактите со најблиските.

-Освен тоа тука се и децата  на кои им скратена спонтаната игра во градинка, училиште, дружењата на родендени. Тоа се  децата од училишна возраст  во одделенска настава. Тинејџерите пак комуницираат повеќе на социјални мрежи во виртуелен свет кои може и повеќе да оттуѓува. На сите овие групи  не им е лесно да се носат до фрустрацијата и затоа многу е важно колку што е можно повеќе да им се посвети внимание. Како родители, да се играат со нив, да разговараат со нив за нивните чувства и да ги вклучат во се што можат да ги вклучат, да го контролираат времето пред екрани и технологија.

Мерките на претпазливост, како култура, не погодија посилно, бидејќи нам ни беше ускратено и нешто што е дел на нашиот темпермент, а темпераментот не она што го учиме или усвојуваме. Туку ни е вроден. ако се земе во предвид дека по природа сме потемпераментни и имаме навика што почесто да се прегрнуваме и да се бакнуваме при средбите со луѓето или при честитања на прослави. (припаѓаме на народи од Балканот –  кои по темперамент сме слични и со припадниците на културите на Медитеранот, кои имаат и навики на поблиски контакти за разлика од Јапонија, скандиваските земји и други)

Виртуелниот свет го зеде данокот што се однесува на дружење, блискост у допир. Социјалните мрежи на еден начин не поврзуваат, но на друга не отуѓуваат. И сега додатната изолација уште поваќе не усмери кон виртуелен контакт, во кој допири има само во фантазијата. Меѓутоа се што потискуваме ќе исплива,излезе на површина. Заради тоа во текот на летото кога мерките сосема ќе попуштат, се очекува дека сите ќе го дочекаат  со повеќе дружења, прегратки. Со позитивните вибрации ќе делуваат и на оние кои се плашливи ќе ги поведе во социјен живот со кој ќе не врати во нормала.Допирот има многу значења:

-Допирот е многу важен не само што ни прави да се чувствуваме убаво, пријатно.

-Допирот значи: поддршка, утеха, сила.

-Кога трајно би останале без можност на спонатано допирање, тоа ќе делува многу негативно врз нас како човечки вид.

-Ќе станеме поагресивни, со помалку капацитет да се справуваме со фрустрациите, и непријатните чувства.

-Ќе станеме многу помалку чувствителни на другите и ќе си праќаме кон себе пораки дека поврзувањето со луѓето е опасно.

Сигурно не би сакале да одиме во тој правец на лошо, грдо сценарио.Значењето на допирот тактилните  сензации во комуникацијата со другите луѓе

Допирот е суптилен начин на комуникација исполнет со смисла. Во таа комуникација се чувствуваат намерите и потребите. Нечиј допир ни се допаѓа, а на некој не. Управо заради намерата, потребата и значењето кои се втакени во тој допир. Допирот нам на инстиктивно ниво ни зборуваа дека на некој можаме да му  веруваме. Освен тоа допирот ни зборува и за степенот на блискот. Некои познаници при средба со нив ќе ги прегрнеме и бакмнеме во образ. Со други само ќе се ракуваме.Со некои цврсто се прегрнуваме и со прегрнувањето и нешто ќе споделиме. Заради тоа комуникацијата по пат на допир е незаменлива.

За крај тврдењето на германскиот научник Martina Grunwalda кој вели – ако се родиме слепи или неми ќе преживееме, но ако не ни функционира осетот за допир тоа е невозможно.

More from СоветиMore posts in Совети »