Press "Enter" to skip to content

Етно куќа „Кај Мостот“ село Зовиќ – одлична дестинација за љубителите на добра храна

Од сабота (30.05.2020) согласно протоколите објавени од Владата продолжува со работа етно куќата „Кај Мостот“ во село Зовиќ, Мариово. Семејниот ресторан на Митко и Наташа Крстевски, функционира веќе неколку години и се докажа како вистинска дестинација за љубителите на традиционални гурмански специјалитети.

Ресторанот работи само со претходна резервација на тел. 071 206 757 или преку порака на нивната Facebook страна.

Во склоп на етно куќата има и четири автентично уредени соби во кои постои можност за ноќевање на 11 лица.

За оние кои сакаат да шетаат и да ги откриваат убавините на Македонија, на располагање имате бесплатна мобилна апликација, која вашиот мобилен телефон, го претвора во ваш водич низ Мариово (повеќе информации…).

Уживајте во фото галеријата од село Зовиќ и етно куќата „Кај Мостот“.

Мост – село Зовиќ, Мариово
Мост – село Зовиќ, Мариово