На изборното собрание кое се одржа во хотелот “Милениум“ во Битола едногласно за нов претседател на основната организација на ПОДЕМ во Битола е избран м-р Златко Лозановски
Новоизбраниот претседател м-р Златко Лозановски се заблагодари за ангажман на досегашниот претседател на ПОДЕМ Битола – Горан Николовски, и рече:
-Приоритетите на ОО на ПОДЕМ во наредните 4 години ќе се задржи на развојот на ОО на ПОДЕМ, зголемување на членството и залагањето негово и на Извршниот Одбор за приоритетите на Битолчани, кои заслужуваат европска перспектива, посебно залагањето заедно со советникот во советот на Опшина Битола, за здравјето на граѓаните, здрава животна средина и подобар живот.
Беше поднесен годишен извештај од работата на Претседателот и извршниот одбор на ПОДЕМ Битола, при што беше едногласно прифатен од страна на 86 те присутни делегати на собранието.
Претседателот на ПОДЕМ проф. д-р Живко Јанкулоски, во неговото излагање ги запозна делегатите со работата на ПОДЕМ, а посебно внимание истакна на актуелните состојби во државата.
На изборното собрание беше избран и нов Извршен и надзорен Одбор на ПОДЕМ Битола.






