Покрај магнетната резонанса и компјутерната томографија во светот широко применувано од скоро и ехото на бели дробови посебно актуелно со постојната Пандемија на Ковид 19.
Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ – Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за ехо или ултасонографското испитување на белите дробови за прв пат во Битола, во ординација “Д-р Чипуровски“.
-Ординација по Интерна медицина се прави најчесто со абдоминална конвексна сонда во 6-региони антериорен,латерален и постериорен. Ехо на бели дробови е индицирано кај градна болка, отежнато дишење, хипотензија, шокови состојби, хипоксија… вели д-р Чипуровски, кој за тоа што се дијагностицира додава:
-Со ултрасонографија на бели дробови можи да се дијагностицира постоење на:
-Ателектази -колабиран бел дроб кои можат да се вродени и секундарни по торакални операции, повреди на граден кош, тумори, обструкции од туѓи тела на бронхите со знак на “Медуза” најчесто кај големи плеврални изливи.
-Постоење на насобирање на течност во плевралниот простор – плеврална ефузија која најчесто се прикажува на ехо анехогено во случаи на трансудат кога причината за нејзино настанување се срцева слабост, цироза на црн дроб или нефротски синдром како и ексудативен плеврален излив кога во анехогеноста има и хиперехогени формации причина за настанување се тумори,пневмонија ,ТБВ итн.
-Консолидација на белодробниот паренхим (пневмонии, АРСД) клучна улога има појавата на Б-линии вертикални хиперехогени кои се патолошки доколку се 3 или повеќе помеѓу двете анехогени ребра на ехо на бели дробови, како и формата и подвижноста на плевралната линија која е со ирегуларна форма при потешки облици на пневмонија кога има појава на хепатизација на белиот дроб и присуство на воздушен бронхограм!
-Појавата на двострани дифузни конфлуирачки Б линии билатерлно е доказ за постоечки АРСД, белодробен едем.






