По повод Денот на Крводарителите беа доделени јубилејни награди на битолчани кои оваа година во својата книшка за крводарувања испишаа 100, 50 или 25 крводарувања.
На пригодна свеченост во просториите на Општинската организација на Црвен крст во Битола беа доделени јубилејните награди на крводарителите.
Јубилејните награди ги додели претседателката на Општинската организација на Црвен крст, Лијлана Ристевска.
Јубилејни награди за над 100 крводарувања добија: Кире Цапевски, Менде Гроздановски и Драган Стојиќ.
За 50 крводарувања наградени се: Пеце Атанасовски, Пеце Крстев, Гоце, Стојановски, Стојан Станковски, Иванчо Ивановски, Марија Котевска, Злате Златевски и Миле Цветановски.
За 25 крводарувања наградени се: Зоран Бошевски, Ице Павловски, Сашо Митревски. Силвана Трпчевска, Томе Гогачевски, Панде Ѓоревски, Дејан Балтовски, Николче Штрковски, Николовски Трајче, Пеце Петревски, Драги Автаровски, Тони Настевски и Благој Јовановски.
Традиционално во фоајето на театарот од Центарот за Култура во Битола организира крводарителска акција во која беа дарувани 152 единици на крв.






