Press "Enter" to skip to content

Од билтенот на СВР Битола, исчезната сопруга и напад со секира

Вчера во 14 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Битола, 33-годишниот М.С пријавил дека на 20.03.2018 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата сопруга 23-годишната Е.С. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против М.М. (54) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. М.М.  на 19 март околу 00.30 часот во домот на Е.С. (35) од Битола кој бил со неговите родители, сопругата и двете малолетни деца пријавениот кој бил под дејство на алкохол, по претходна вербална расправија, се обидел со секира физички да го нападне Е.С. При тоа, бил спречен, од страна на полициски службеници, кои интервенирале на местото на настанот, по телефонската пријава од оштетениот.

More from ВестиMore posts in Вести »