Press "Enter" to skip to content

ТЕЛЕФОНСКА КОМУНИКАЦИЈА – “cold calls” VS “warm calling”

Проект “Комуникација“ за подигање на свеста на населението “ЕУ Институт Скопје“ и “Bitolanews“ – Битола.

Во оваа статија ќе зборуваме за видови на телефонски повикувања. Ова е вид на комуникација која спаѓа во делот на вербалната комуникација. Во денешнава објава ќе ги објасниме клучните разлики помеѓу топлиот и студениот телефонски повик.

Kако да се совлада секој пристап и кон двата вида на јавување.

Сите ние добиваме повици и праќаме повици кон познати и непознати лица.

Постојат два вида на повикување:
– “ладно повикување“ = cold calls
– “топло повикување“ = warm calling

Во “ладно повикување“ всушност повикуваме лица кои не ни се познати и не ги знаеме и познаваме. Додека во “топло повикување“ телефонски комуницираме лица кои ги знаеме, познаваме или можеби се повикуваме на некој кој ни ги препорачал.

Денес ќе разговараме за клучните разлики помеѓу “ладно повикување“ или cold calls и “топло повикување“ наречено warm calling. Ќе потенцирам дека не мора да сме од светот на продажба за да се запознаеме со ваквиот вид на комуникација.КОЈА Е ДЕФИНИЦИЈАТА ЗА ЛАДНО ПОВИКУВАЊЕ !?

Студениот повик го дефинираме како несакан повик и повик кој го реализираме кон непознати лица. Зошто? Бидејќи претходно не сме воспоставиле никаков контакт и никој на кого ќе му се јавиме не го очекува нашиот повик, а воедно и не не познава.

За луѓето кои се бават професионaлно со продажба морам да признам дека ова се најнеомилената категорија на потенцијални клиенти, која сакаат да ја повикаат на телефон.

Истражувањата говорат дека скоро 50% од лицата кои се бават со продажба, не ги сакаат воопшто ваквите ладни повици кои е потребно да ги реализираат. Голем број од нив како професионалци во својата работа веруваат дека ладните повици се неефикасни, а се од причина што им е незгодно да ѕвонат на телефон на лица кои што не ги познаваат. Тргнувајќи од ваквата предрасуда, голем број на лица кои се бават активно со продажба поради овие причини доживуваат комплетна неефикасност во работата.

СОВЕТ

Секогаш истражете ги лицата кои планирате да ги комуницирате телефонски. Ова е добро за да навлеземе во нивниот свет и секако да креираме профил на личноста за да знаеме со кого ќе имаме работа.КОЈА Е ДЕФИНИЦИЈА ЗА ТОПЛО ПОВИКУВАЊЕ !?

Топлото повикување подразбира контактирање на лица кои ги познаваме (директно или индиректно). Ова значи сме имале некаков иницијален контакт со нив или можеби со нивниот бизнис. Бидејќи некако сме комуницирале на некој начин или бар некогаш некаде сме се запознале со нив, тоа подразбира дека нашиот повик не би требало да ги изненади.

Ова можеби и звучи убаво, но во реалноста често пати и не мора да значи дека некој ќе се сети на нас после многу време. Единствено ако немало некоја ситуација по која можеби ќе не запаметат.

Во многу ситуации се случува лицето кои ќе го повикаме, а одамна не сме го контактирале или првпат му се јавуваме, потешко да се сети на нас. Од искуство кажано, тука се губи значително многу време во објаснување. Сите ние добро знаеме дека денеска никој нема време за да му се објаснува по телефон од каде, кој што и како.

Препорачливо е доколку се јавуваме од некоја компанија или одредена институција најпрво да го кажеме името на компанијата која ја претставуваме, потоа нашето полно име и презиме, а потоа потребата односно целта за која го контактираме одреденото лице.Запаметете !

Мора да сме кратки, концизни, конкретни за да објасниме кој и за што се јавува. Повторно ќе се вратам на претходните бјави за вербална комуникација. Потребно е да имаме сигурен тон во јавувањето, ниту да сме прегласни, ниту претивки и да имаме умешност со која ќе ја задржиме концентрацијата и интересот на соговорникот од другата страна кој ниту не гледа, ниту не слуша. Ова е вештина која може да се усовршува и повторно за неа е потребно исклучително голема упорност, пракса, вежба и безброј јавувања.

ВАЖНО

Потребно е да имаме верба и самодоверба воопшто во себе и да сме беспрекорно упорни ! Ова го говорам од лично искуство.

Во следната статија ќе подолжиме да зборуваме за воспоставување и можности со интересни корисни информации на оваа тема.

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на: info@euinstitue.eu

За учество на on-line вебинар на 24, 25, 26 и 27 август 10 h-13 h, ОСНОВИ НА ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ ( 10 Модули ) можете да се пријавите на директен линк:

https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/ОСНОВИНАДИГИТАЛНАПИСМЕНОСТ

СЕКОЈ УЧЕСНИК ДОБИВА СЕРТИФИКАТ !

За сите 10 Модули се добиваат 2 Сертификати

ПРОДОЛЖУВА…

Регистрирано Национална Универзитетска библиотека “Св.Климент Охридски“, Скопје. ISBN 978-608-4880-00-4, КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ, COBISS.MK-ID 111602442
 

Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

More from СоветиMore posts in Совети »