Press "Enter" to skip to content

Годишно собрание на регионалното здружение за македонско-руско пријателство (фото)

Во просториите на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Битола се одржа годишното собрание на Регионалното здрушение за македонско – руско пријателство “Александар Аркадијевиќ Ростковски“ со седиште во Битола.На Собранието на присутните им се обрати претседателот на Регионалното здружение, Пеце Гаштаров, кој им се заблагодари на присутните за работењето во изминатата година и рече дека Здружението веќе 25 години спојува, обединува и поврзува два пријателски, славјански народи. Гради силни меѓучовечки, културни, стопански и секаков друг односи помеѓу двете братски држави, Република Македонија и Руската федерација.

На Собранието присуствува и претставници на Конзулатот на Руската федерација во Република Македонија.-Здружението денес делува во состав на Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство во Република Македонијаи тие ативности ги дисперзира низ целиот југозападен регион на државата, рече Гаштаров, во официјалниот дел и ги набрија бројните активности на Здружението во изминатата година.

Во Битола не беше присутен Јордан Ѓорчев, претседател на Сојузот на здруженијата за македонско-руско пријателство во Република Македонија, но со писмо ја поздрави работата на Собранието и присутните.

Собранието го водеше работно претседателство во состав: Пеце Гаштаров, Ѓоко Стрезовски, Кире Силјановски, Драган Романски, Јован Пасковски, Тома Трајановски и Билјана Ташиевска, а со него претседаваше Пеце Гаштаров. 

Во име на Преспанско-пелагонската епархија, односно во име на Владиката Петар се обрати, протоѓакон Драган Ѓорѓиевски, а програмата на Собранието ја водеше студентка од Славјанскиот Универзитет, Андријана Шиндевска.Мото на Собранието беше: 25 години пријателство, 25 години соработка, 25 години градење мостови на заедништво помеѓу два братски и пријателски народи.

Собранието заврши со изведби на црковна музика во избведба на машкиот црковен хор “Свети Ахил“ од Ресен и женскиот црковен хор “Света Макрена“ од Битола.

Инаку, Регионалното македонско – руско пријателство “Александар Аркадијевиќ Ростковски“ со седиште во Битола е прво здрушение од ваков вид кој е формирано веднаш по признавањето на Република Македонија, под уставното име од страна на Руската федерација.

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »