На последното натпреварување “Вешта жена“ кое го организираше Организацијата на жени од Битола, кое се одржа во хотел “Премиер“ во Битола, за најдобра “Вешта жена“ во Битола е прогласена Наташа Гулабовка – Георгиевска.
Победничката Гулебовска – Георгиевска победи на ова натпреварување победи со уредена маса насловена “Барок“.
Сите натпреварувачки кои беа на ова традиционално женско натпреварување беа од Битола, а од организаторот и спонзорите сите добија прикладни подароци.
Наредно дружење на битолските жени ќе биде на “Битолски Слатки Филиграни“ кое традиционално се одржува по 17 пат во очи на христијанскиот празник Благовец, а настанот е од хуманитарен карактер и собраните средства од продажбата на тортите ќе бидат донирани.






