Советот на денешната 11. седница не ги усвои завршните сметки на јавните претријатија на Општина Битола кои се најдоа на денешниот дневен ред. По тие точки претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, рече дека ќе гласаат против завршните сметки, без разлика како се бројките и какви се завршните сметки, а тоа нема политичка страна.
По точките околу завршните сметки на јавните претријатија имаше бурна расправа во советот помеѓу позицијата и опозиција, а и од страна на советничката група “Поинаку“.
Претходно во јавните претпријатија, Управните одбори решија дека завршните сметки ќе ги усвојат по ревизиите на независни ревизорски куќи за тоа како материјално и финансиски работеле претријатијата.
Не беа изгласани завршните сметки на битолските јавните претријатија “Комуналец“, “Пазари“, “Нискоградба“, “Водовод” и “Жабени“, без разлика дали биле тие позитивни или негативни, односно дали работеле со добивка и загуба.






