Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: “Не посакувај нешто што е туѓо“, добра, лоша завист и восхит

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Не постои личност која во животот не почуствувала завист. Зависта е универзална емоција, состојба, однесување која може да се забележи дури и кај некои животни. За зависта постојат многу поговорки, правила, наредби кои се останати од страна на предците како во народните преданија, така и во народната мудрост.

Зависта се дефинира како емоција која се манифестира со  непријателски (понекогаш агресивен) став кон другите кои имаат нешто што ние го немаме, а сметаме дека тоа ни припаѓа. Како реакција на зависта често се случува да манифестираме активности кои ќе го намалат значењето на она што го посакуваме или да му  наштетат на оној што тоа го поседува.

Се ќе биде полесно ако тие предмети на копнеж останат само тоа – предмети, но за жал “предмети“ на посакување се и состојби, ставови, емоции, активности, реакции на другите, статуси, улоги, особини.. практично се што може да се  третира како именка може да е предмет на желба, копнеж.“Не посакувај нешто што е туѓо“

Зависта е непријатна емоција и со себе повлекува и други емоции како реакција на истата. Со факт дека е непријатна со себе повлекува и имлицитни последици и причини  да се негира или оправдува  што доведува до маѓепсан круг и посилни реакции. Народната мудрост ја препознала штетета од оваа емоција и таа лекција ја има во библијата како заповед “Не посакувај нешто што е туѓо“. Спрема ова правило зависта не се одобрува и на неа се гледа со неодобрување.

За поединенецот (личноста) тоа значи дека ако чувствува завист спрема овие поставени вредности, автоматски чувствува и вина (кривица) и во исто време и  чувствува  навреда на самопочит на личноста. Навреда на самопочит многу често тешко се поднесува и за да се зачува своето самочитување обично ја порекнуваме својата завист или ја оправдуваме или со “маркирање“ на другите личности под категоријата лоши, злобни или самиот предмет на желба.Добра и лоша завист

Суштината е во управувањето на нашите желби. Ако нешто посакуваме, имаме две опции- дека тоа можеме да го имаме и не можеме.

Ако можеме, постои нечин тоа да го стекнеме.

Ако не можеме, ни останува да живееме без него.

Живот без тоа, можеме да живееме вечно не прифаќајќи го  тој факт и да живееме огорчени.Друга опција е тоа да го прифатиме, a oд ова зависи дали ќе чувствуваме:

ДОБРА  завист (подготвеност со сопствен труд и од своја позиција да го стекнеме она што го посакуваме)

ЛОША завист (огорченост што го немаме и деструктивен став спрема предметот на желба и сопственикот на предметот) или

ВОСХИТ помалку или повеќе благороден вид  на завист во која сме успеале да го прифатиме фактот дека нашите напори –  да стекнеме нешто што посакуваме нема да вроди со  плод:

На пример, кога некој без ни малку талент  за пеење не може да стене врвен пејач колку и вредно да се труди (секогаш ќе биде просечен).

Восхитувањето е супер и неопходно во однос на нашите способности, но и тоа има  свои замки.

Во таа смисла зависта е емоција која води кон развој на личноста. Во основата на зависта секогаш постои желба која со добро преслушување и гледање во себе можеме да ја дефинираме така да не покрене на акција и може да не направи подобри, а да таа акција не му штети ни нам ни на другите. Макар тоа било  тага и прифаќање дека никогаш нема  да го добиеме посакуваното. Или трепение за живот без тоа, во чие страдање можаме да бидеме среќни и да им се восхитуваме на другите кои тоа го имаат.ВАЖНО: сепак не е мудро лесно да се откажеме од нешто што ни е значајно, бидејќи можеби  се восхитуваме на нешто што и сами можаме да го постигнеме, а всушност дека го немаме не става во позиција на неодговорно однесување, пасивност или паразитирање.

“Ти се восхитувам колку си јак“: често ја крие неподготвеноста да се носиме со тешкотиите во животот.

“Ти се восхитувам колку си снаодлив“: често завршува дека тој другиот е секогаш снаодлив, а можеби и ние можеме да бидеме  и поснаодливи од него за наше добро и за другите (ако се потрудиме малку).

Како да постапиме во реалниот живот каде се сменуваат добра и лоша завист и способноста да се толерира тоа што имаме и лоши емоции и мисли.

Добар совет:

-Можете да завидувате,  но НЕ постапувај  по зависта,

-Преиспитај се,

-Толерирај ја зависта и биди ОК што завидуваш, додека не дојдиш до ПРОМЕНА.

Често се случува ако сме самите несреќни и не ни “оди“ во животот од рака се насладуваме на туѓата несреќа.  Тоа може да биде повик  самите да се трудиме да се промениме, издигнеме од сопствената несреќа колку што можеме.