Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Надарени и талентирани ученици – мотивација наспроти перфекционизам

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Во последните дваесет години голем е интересот за истражувањa на перфекционозмот. Постојат различни дефиниции и концепти на овој поим кај различни автори. Наједноставната дефиниција гласи “Перфекционозмот е тежнеење кон совршенство во сите области на животот“.

Многу теоретичари на личност сметаат дека тежнеењето кон совршенство е вродено и без што, животот е незамислив и по психологот Adler- перфекционизмот е здрав ако вклучува: социјална грижа за другите и максимално искористување на своите можности, таленти. Затоа многу е тешко да се одговори на прашањето кога стремежот кон совршенство претставува проблем односно е штетен, а кога е здраво да се стремиме кон совршенство.

Кога зборуваме за деца со просечни способности тогаш одговорот е лесен – стремежот кон високи нереалистични цели може да биде штетно. Но кога говориме за надарено или талентирано дете тогаш како ќе одредиме што за него претставува нереалистично висока цел?

Многу истражувања покажале дека перфекционизмот е чест кај надарените деца (Webb, Meckstroth i Tolan 1982, Heller I sor. 2000). Но други покажале дека надарените се подобро социјално адаптирани, имаат поголема самодоверба, а тоа може да се објасни со тоа што тие деца уште од помала возраст се вклученои во најразлични воннаставни активности, приредби, презентации, проекти, натпревари во училиштето и надвор од него. Исто така тендицијата кон перфекционизам кај надарените побрзо ќе ја потикне здравата и позитивна потреба одн. мотивација за постигнување одколку неадаптивното однесување. Но исто така стои и дека за одреден дел од децата кои се надарени и талентирани перфекционоизмот ќе биде проблем.

Спротивно на добрата мотивација, перфекционизмпот прави спротивно. Ништо не е совршено и константно тежнеење кон се повисоки цели, не прави незадоволни и делува како пораз aко тоа совршенство не го постигнеме . при што се јавува желба за откажување, мотивацијата се намалува, ниска самодоверба и чувство на незадоволство од себе.

Заради тоа задача на психолозите и педагозите во училиштата е да преку работилници во кои би биле вклучени надарени и талентирани деца да се посвети внимание на посебни теми како што се:
-јакнење на емоционалната интелегенција (во која како еден од начините на подобрување и развивање на истата, е ослободување од перфекционизмот),
-потоа развивање на позитивна слика за себе, поттикнување на самодоверба и самосвесност,
-изразување и препознавање на емоции,
-асертивност, самостојност и упорност во однесувањето,
-учење на соработка,
-толеранција како и други теми кои ќе придонесат за побогат емоционално-социјален развој.

Потоа работилници со родители на надарени и талентирани деца бидејќи постои поврзаност меѓу стилот на родителство и перфекционизмот. Нереални и високи очекувања му прават притисок на детето и ја зголемуваат анксиозноста.Постои т.н. перфекционистички стил на родителство кој бара од детето да биде што подобро и тоа е постојано во трка и се обидува да биде се подобро. При тоа на детето му се поставуваат многу високи барања.Истражувања покажале дека тенденцијата кон перфекционизам кај мајките е поврзана со перфекционизмот кај децата. Родителите се важни за тоа што нагласуваат при процесот на учење кај своите деца.

-Еден тип на родители го усмеруваат и го поттикнуваат детето на разбирање на материјалот што се учи. Ги поттикнуваат на предизвици своите деца, и при тоа да уживаат во учењето. Тоа е ориентација кон самиот процес на учење.

-Другиот тип го усмеруваат кон надворешни фактори како оценките и резултати од тестови. Децата на вториот тип на родители почесто развиваат т.н. маладаптивен перфекционизам. Врските помеѓу перфекционоизмот и надареноста се комплексни и сложени и големо влијание покрај училиштето имаат и родителите. Сето ова остава простор за понатамошни истражувања и работа со надарените и талентирани деца уште од најмала возраст.

Постојана едукација ќе помогне да се развива позитивен перфекционизам кој не би прераснал во неуротски и негативен перфекционизам.