По повод 8 Април меѓународниот ден на Ромите во Салата за седници на Советот на општина Битола беше промовирана “Ромактед“ програмата на Советот на Европа во која партнер е општина Битола, а се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.
На промоцијата обраќање имаше Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски кој зборуваше за важноста на програмата, заедничкото делување и партнерството на локалната самоуправа и припадниците на ромската заедница во унапредување на социјалниот и економски статус на Ромите и нивно вклучување во општествените текови и развој на градот Битола.
Програмата ја претстави Ферди Исмаили, од Ромска демократска развојна асоцијација “Сонце“ – Тетово, национална организација за логистика на спроведување на програмата “Ромактед“.
На промоцијата на “Ромактед“ програмата во Советот на општина Битола присутни беа и претставници на Советот на општина Битола и припадници на ромската заедница.

По повод денот на ромите претставена програмата “Ромактед“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап




