Press "Enter" to skip to content

Униите на жени на ВМРО-ДПМНЕ од регионот на “Магнолија“ организираа Велигденска трпеза

Синоќа на плоштадот “Магнолија“ во организација на Униите на жени од ОК на Битола, Прилеп, Крушево,Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци беше организирана Велигденска трпеза под мотото „Традицијата живее со хуманост“ во пресрет на Велигден.

На оваа манифестација присуствуваше и претседателката на УЖ НА ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова која рече:

-Македонската жена, знае успешно да се справува со сите предизвици, во јавниот живот, активна и бескомпромисна во нејзиниот политички ангажман, но целата енергија ја црпи од својата традиција на вредна домаќинка, семејните традиции, кои се потпираат на хуманост, помагање и поддршка.

По манифестација се одржа и работна средба на Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.