НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола Ве поканува да учествувате во креирањето на нови иновативни програми наменети овој пат читателите.
-Секој читател во Битола е уникатен во креирањето навики и ритуали, додека ја чита својата омилена книга. Каков читател сте Вие? Кое е вашето омилено место за читање или дел од денот кога најмногу поминувате време читајќи? За тоа како изгледа едно ваше дружење со книгата која сега ја читате, ние Ве покануваме да ни испратите интересна фотографија. Испратете ни фотографија од дружењето со вашата омилена книга, е пораката која ја упатуваат од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
Фотографиите можете да ги испраќате на следнава email адреса: nuub.bitola@gmail.com, а најуспешните фотографии ќе бидат објавени на нашите социјални мрежи, а како подарок ќе добијат и бесплатно едногодишно членство во нашата библиотека.






