Вчерашниот ден од Велигденските празнувања, прв ден Велигден, според свештениците на Преспанско пелагониската епархија на Македонската праволславна црква, беше денот на Христовото воскресение, и беа посетувани храмовите, каде беа одржани свечените богослужби.
Свештениците упатија зборови кон верниците, и им порачаа дека вчерашниот ден не е ден за посета на гробовите, туку најголемиот празник Велигден е најголемиот празник на Православието, е ден кога сите треба да бидеме во храмовите и да го славиме Христовото Воскресение.
Но, верниците денес масовно ги посетија битолските Светонеделски гробишта, Влашките, каде се вечните почивалишта на нивните најблиски.






