“Подем К“ препознатлив бренд на пазарот за трговија на секаков вид градежни материјали., дене, 16 февруари, ќе прослави 20 години успешно постоење на пазарот. За јубилејот мала донација за ранливите категории и без прослава и коктел заради пандемијата.
По тој повод поразоваравме со Митко Димовски, управител на “Подем К“ од Битола.
Кажете ни за почетоците на “Подем К“?
-Првобитно се основа фирмата “Подем“ пред 27 години од визионерот Никола Стојановски, а 16 февруари 2001 година функционираме под името “Подем К“ и оваа година славиме јубилеј 20 успешни години постоење. Оттогаш функционираме упешно и станавме фирма за која нема кој не знае во Битола и пошироко. Со годините прераснавме во бренд број еден во нашата дејнос во Битола и пошироко.
Во оваа јубилејна година го обновивме возниот парк со возила и камиони кои ги исполнуваат сите еколошки стандарди наменети за растовар и истовар на материјалите, со кранови и кипери кои ќе му овозможат на потрошувачите брза и лесна достава на нивниот потребен градежен материјал на секое место, со можност тоа да се направи на ниските катови од објектите кои ги градат.
Кажете ни повеќе за “Подем К“ што се нуди како фирма за трговија за сите видови градежни материјали?
-“Подем К“ се занимава со продажба на сите видови градежни материјали, што е нашата дејност, трговија на сите видови градежни материјали. Ги продаваме основните градежни материјали, железо, цемент, потоа фасадни материјали, материјали за топлотна и звучна изолација, сите видови суви малтери, машинско малтарење, фасадни материјали, сите видови кнауф, арматурни мрежи.“Подем К“ за успешно работење инвстира и ќе инвестира во магацински простор по сите пропишани стандади, а располагаме со отворен магацински простор од 4.000 м2 и 800 м2 затворен магацински простор за складирање на сите материјали кои се подложни на влага и други непогоди. Инаку, нашиот продажен простор се наоѓа кај старата Свилара, локација добро позната на битолчани.
Каде го гледате “Подем К“ во градежништвото, како фирма за трговија за сите видови градежни материјали?
-Со сето ова претходно што го наведов за “Подем К“ може да се каже дека сме лидери во дејноста трговија во градежништвото и по тоа што го нудиме, а тоа е сите видови градежни материјали и оние по последен збор на технологијата. Така и во дистрибуцијата на истите со најмодерни возила и механизација, кранови, кипери… Исто така “Подем К“ ги следи сите најнови достигања во производство на градежни материјали низ посета на обуки, саеми, кои се организирани не само во државата туку и во Србија, Бугарија, Турција. Сите вработени ги посетуваат за да бидеме во тек со најновите современи градежни материјали кои се последен збор на технологијата на производство.
Кажете ни што подготвувате за јубилејот 20 успешни години Подем К ?
-За јубилејот мала донација и скромна прослава во најтесен круг на вработените, заради ситуацијата со корона кризата. Ако во текот на годината ситуацијата се смири и стане посигурно тогаш ќе направиме јубилејна прослава со нашите коминтенти деловни партнери.
Идни планови
-Да продолжиме да бидеме успешни и наредните години како бренд број еден во Битола и пошироко. Од локален лидер во градежништвото да станеме препознатливи и пошироко низ државата во снабдување со градежни материјали. Веќе започнавме соработка со градежни фирми кои градат во Скопје, и би сакал таа соработка да се прошири и продолжи.






