Press "Enter" to skip to content

III-та меѓународна научна конференција во организација на ЕУ институтот

Конференцијата ќе се одржи онлајн на 27 Февруари 2021 година, со почеток во 10 часот на платформата ZOOM, на тема “Предизвици во менаџментот при пандемија КОВИД-19, професионални одговорности и човекови права“

Цен на конференцијата е да ги пречека интернационалните партнери на образовните институции кои работат во областа на пред-и пост-универзитетско образование, институции за креирање на централна политика во земјата и да обедини истражувачи од областа на економијата, правото и психологијата и преку нивната работа да ја истакнат важноста денес и во иднина за развој на образованието, деловниот сектор и целокупната интеграција на балканскиот регион.

Сите конференциски трудови ќе бидат објавени во изданието за кодекси за ISBN и најдобро оценети трудови од научниот одбор ќе биде објавен во следниот број на меѓународен научен журнал. Официјални јазици на конференцијата ќе бидат англиски, македонски, албански, српски, хрватски. Секој учесник-автор, освен импакт фактор, добива заверена објава на апстракт, сертификат, како и можност да биде објавен апстрактот на меѓународен научен журнал.

За подобро организирање на развојот на пленарните сесии паралелно, ќе ги насочиме и  поделиме презентациите на оваа конференција според следниве три области економија, психологија и право.

Следните точки ќе послужат како водич за учество на конференцијата.

Економија во профилите: менаџмент, маркетинг, администрација, финансии, деловна информатика

  • Менаџмент предизвици за време на Ковид-19
  • Потребни економски мерки
  • Ставови на владата кон приватниот сектор
  • Маркетинг предизвици
  • Нови можности за приходи
  • Онлајн продажба
  • Дигитална писменост за време на Ковид-19

Право во профилите: деловно, меѓународно, јавно и граѓанско право

  • Човечки права
  • Работнички права за време на пандемија
  • Стопанско право за време на пандемија
  • Почитување на законите и мерките за време на пандемија

Психологија во профилите: образовна психологија, бихевиоризам, вредности, човечко достоинство, развојна психологија.

  • Психологија на когнитивна перцепција
  • Ментална хигиена за време на Ковид-19
  • Како да се контролираат стравовите
  • Совети против анксиозност и депресија за време на ковид-19
  • Однесување на раководството кон вработените за време на Ковид-19

Конференцијата ќе се одржи на пленарна седница и во посебни панели. Секој говорник (освен главни говорници) има 15 минути да ги презентира своите проблеми и заклучоци. Учесници (авторите) треба самите да ја презентираат својата работа за време на панел сесиите.